CSS Template

Најмладите ја започнуваат прочкарската карневалска еуфорија

350

Со свечено отворање на изложбата на детски маски во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ утре петок во 12.00 часот започнуваат настаните поврзани со Меѓународниот карневал Прочка. По традиција на изложбата со свои креации ќе се претстават сите основни и средни училишта, а за најдобрите ќе бидат доделени и награди.
Активностите продолжуваат во сабота кога во 12.00 часот во центарот на Прилеп ќе биде отворен детскиот карневал, со музичка програма, настапи на новата содржина насловена како „Статуа Фест“. Дефилето на учесниците до 14 години ќе започне од 12 часот и 30 минути и ќе трае до 15 часот. Манифестацијата во која главна улога имаат младите ќе заврши со доделување на наградите за сите категории маски.
Во недела на 10 март е централниот настан – дефилето на учесниците на Карневалот Прочка кое ќе започне напладне со сценска изведба на Статуа фест на булеварот Гоце Делчев.
Дефилето ќе го отворат со своите креации учесниците од земјава и од странство, кои според најавите се очекува да допатуваат од Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција. Пријавувањето за карневалот сеуште е во тек, а предвидувањата се дека ќе има над илјада учесници, заради големиот интерес за учество.
Прогласување на најдобрите поединечни, групни, модерни и традиционални маски ќе биде по 15 часот од страна на Жири комисијата на карневалот во состав: Благоја Атанасоски, Габриела Николоска, Хилда Црнеска, Рубинчо Белчески, Лилјана Неделкоска. Вечерта во ресторанот „Ла Каса Гранде“ ќе се одржи Маскенбал за гостите.
Манифестацијата традиционално завршува ден по празникот Велики Поклади Прочка со посно гравче на Чист понеделник во Манастирот Свети Ѓорѓија на 11 март.
Меѓународниот карневал Прочка од утре го започнува своето 18 то издание.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm