CSS Template

„Водици во Прилеп“, од здружението „Прочкари“, најмаска на карневалот

1,619
Avtokontrol1

ГРАН ПРИ НАГРАДА ЗДРУЖЕНИЕ "ПРОЧКАРИ"

Posted by Goran Rzanikoski on Sunday, March 10, 2019

Најдобра маска на карневалот „Прочка 2019“ беше групната маска „Водици во Прилеп“, на прилепското здружение „Прочкари“, во чија изведба учествуваа 30 членови на здружението.
Награда за најдобра маска на детскиот карневал, кои влегуваат во категоријата учесници до 14 години, доби основното училиште „Блаже Конески“ со маската „Мадагаскар“. Првото место отиде во рацете на основците од „Климент Охридски“ со маската „Пролеп и облачиња“, втора беше маската „Еколошка пролет“ од училиштето „Добре Јованоски“, а третата награда им беше доделена на основците од „Кочо Рацин“ со „Роденденот на Штрумфета“.
„Метаморфоза“ , групна маска на учесниците од Лесковац, Србија, на овогодинешното издание на карневалот, беше избрана за најдобра современа маска. Второто место е за учениците од средното училиште „Ѓорче Петров“ со „Пролетна забава“, а трето место им беше доделено на студиото за танц „Зодијак“ за маската „Малата сирена“ .
Награди се доделени и за најдобри современи и традиционални маски. Во категоријата најдобра традициолна маска, првонаградена беше маската на учесниците од селото Куратица, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.
Ова се оценките на комисијата во состав: Габриела Николоска, Хилда Црнеска, Лилјана Неделкоска, Рубин Белчески и Благоја Атанасоски, кои оваа година ја имаа најтешката задача да ги изберат најдобрите маски, кои за време на двата фестивалски дена дефилираа низ центарот на Прилеп.
Дипломите и наградите на најуспешните, беа доделени на забавата под маски одржана синоќа во ресторанот „Ла Каса Гранде“ со што заврши 18 –тото издание на карневалот „Прочка 2019“.
Денеска со посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ заврши „Прочка 2019“. Карневалот на кој имаше бројни посетители од земјава и соседството, започна во петокот кога беше отворена изложбата на маски.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm