CSS Template

Парите и храната за „Тримири„ донирани – за хуманоста на „Преродба“

695
Avtokontrol1

Наместо пари за богата посна трпеза, за одбележувањето на „Тримири“ ,Здружението на жени „Преродба„ средствата ги намени за хумана цел. Имено, тие паричните средства наменети за одбележување на адетот “Тримири“ ги донираа на  семејството на бранителот Драган Спасески, за кој пишуваа медиумите. Семејството се уште живее во тешки услови, а здравствената состојба на Драга е лоша.

„Вчера на Драган му беше ампутирана ногата. На минатиот состанок  одлучивме да собравме пари, и денеска на „Тримири“ му ги дониравме на семјството.

Ја дониравме и посната тримирска храна, која беше подготвена за „Тримири“ и пакет од прехрамбени производи. Дониравме храна и минатата недела. Однесовме храна за да можат луѓето да поминат. Семејството е во лоша, критична состојба. Нашето здружение брои 80 членки, а членките кои се задолжени за хуманитарниот дел во организација,  се активни и ни сугерираа да помогнеме кај Драган, бидјеќи го посетија минатата недела со нова донација . Апел од нас до сите, да помагаме на ваквите семјства! Отворени сме за соработка  за хуманост, за сите организации и за сите поединци кои сакаат да помогнат“ – апелираше Лилјана Ацеска, член на здружение „Преродба“.

Здружението „Преродба„ за ваквиот хуман гест денска доби поддршка на социјалните мрежи,кои ја пофалија нивната акција на денот на љубовта,мирот и спокојствот во семејствот„Тримири„

semm
Farma Dolneni
Vivafarm