CSS Template

Победа ќе стане градски клуб – Мегленски тренер

360

Тони Мегленски  e новиот шеф на стручниот штаб на Победа, откако Јане Николовски си поднесе оставка. На иницијатива на Регионалната Стопанска Комора во присуство на Градоначалникот Илија Јованоски во хотел Салида, вчера попладене, се одржа состанок со една точка на дневниот ред „За спас на ФК Победа“, а се со цел да се дојде до трајно одржливо решение кое ќе значи финансиски стабилен и организиран клуб.На состанокот со членовите на Регионалната стопанска комора присуствуваа и свои идеи презентираа и неколку преставници на навивачите на прилепските спортски клубови.

Донесена е одлука Победа да се врати на градот Прилеп. На почетокот на наредната недела ќе се дефинираат сите натамошни детали и поединости за реализација на оваа идеја и концептот за сигурна иднина на ФК Победа.

На вчерашниот состанок на Регионалната Стопанска комора дополнително беше повикан и екс играчот, капитен и тренер на Победа Тони Мегленск ,и беше одлучено довербата за тренер на Победа да му ја доделат нему, како човек кој  ги познава приликите и условите во тимот. Тој ја предводеше Победа пред да добие отказ, пред шест месеци.Мегленски за понеделник во 12 часот во клупските простории на Победа свикува отворена прес конференција на која можат да присуствуваат сите љубители на фудбалот, навивачи и спортски работници

Победа моментно се наоѓа во незавидна ситуација во Првата македонска фудбалска лига, се наоѓаат на послендата позиција со само 18 бода на своето конто.

Пишува:Никола Димески

semm
Farma Dolneni
Vivafarm