CSS Template

Прилеп во одбележување на Светскиот ден на водите – над 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење!

249

Денеска, според календарот на Обединетите нации, се одбележува Светскиот ден на водите. Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право.

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и на здравјето на целиот жив свет. Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого.

Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.

ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп по повод Светскиот ден на водата, спроведува јавна кампања за штедење на питката вода, a апелс штедење на водата за пиење упати и ЈКП „Водовод и канализација„-Прилеп

До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг од вода, бидејќи бројот на жители на Земјата се зголемува, а водените ресурси се намалуваат. Помалку од 1% од водата на Земјата е употреблива за пиење. Како што се зголемува бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг од вода, предупредуваат експертите од Обединетите нации.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm