CSS Template

Јасна Ажиевска Петрушева, од Мермерен комбинат АД Прилеп во најуспешните 10 македонски жени менаџерки

918
Avtokontrol1

Во организација на агенцијата „Марили“, синоќа, по дваесет и трети пат, се одржа традиционалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ на која беа прогласени најуспешните 10 жени менаџерки за 2018 година.
Меѓу најуспешните и годинава е жена менаџер од прилепска компанија и тоа Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен комбинат АД Прилеп – Прилеп. Останатите 9 годинашни лауреатки се: Даниела Адемоска, сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје, Наташа Ангеловска, генерален менаџер на Тродат-Тромак – Скопје, Маја Ацески, продукциски и извршен менаџер на „Златекс“ – Скопје, Ивана Ѓоргиевска Матевска, оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје, Марија Секуловска Митревска, генерален менаџер на „Бага Фоод“ – Битола, Даниела Карадаков, директор на Бизнис-академија Смилевски (БАС) – Скопје, Викторија Рафајловска, генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО“ – Гостивар и Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс“ – Скопје и 10 Ирена Минева, полковник – командант на Воено-медицински центар – Скопје, АРМ.
Манифестацијата ја афирмира жената во бизнисот како успешен менаџер и го потврдува развојот на женското менаџерство во оваа долга традиција, а истовремено претставува и поттик за младите генерации образовани жени.
Сите овие жени се дел од успешни компании од приватниот сектор, од различни области и дејност, од целата држава.
Агенцијата Марили како единствена што го елаборира бизнисот од менаџерски аспект, веќе десет години успешно го организира овој избор. При изборот на најуспешните жени менаџерки се разгледуваат повеќе аспекти во работењето, позицијата, статусот, професионалниот успех, резултатите во работењето и придонесот за статусот на компанијата. Покрај основните менаџерски карактеристики, од телото надлежно за изборот се оценуваше колку добро се прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni