CSS Template

Темпото на изградбата на гасификацијата презентирано пред стопанствениците

337
Avtokontrol1

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со Вицепремиерот, Кочо Анѓушев и Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  на денешната средба со стопанствениците претставници од Регионалната стопанска комора – Прилеп и Регионалната стопанска комора – Битола, ја посочни важноста од изградбата на гасоводот Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола

„ За оваа година за овој проект од Министерството за транспорт и врски обезбедивме 1 милијарда и 557 милиони денари.  Во однос на делницата Кавадарци-Прилеп-Битола се завршени 36 % од работите. Некаде во септември ќе ги изградиме трите Блок станици и очекуваме следната година да биде завршена оваа траса. Во однос на гасоводот Штип- Неготино, очекуваме идниот месец целиот проект да биде завршен. Гасификацијата е врвен приоритет на Владата и затоа треба да го завршиме побрзо,за сите граѓани и комапнии да ги почуствуваат придобивките од гасот“- истакна Заев на средбата со стопанствениците, нагалсувајќи дека тоа е важно за борба против аерозагадувањето, а  општните паралено треба исто да започнат со градба на општинската мрежа, за гасот побрзо да стигне во домовите и компаниите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Делегацијата се упати на увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола, во месноста Беловодица.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni