CSS Template

Заев од Прилеп: Ќе имаме претседател со кого ќе можам да работам

Пендаровски: Недозволиво е нашата држава да биде водена од Будимпешта

458
Avtokontrol1

Претседателски кандидат зад кого стојат граѓани од сите етнички заедници и политички определби, тоа е кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски потенцираше претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната трибина во Прилеп, упатувајќи апел до граѓаните дека пред сите нас се времиња за големи одлуки.
-Донесовме важни одлуки и продолжуваме напред. Со претседателски кандидат кој ќе биде ветар во грб, ќе чекориме уште побрзо напред. Да избереме човек кој ќе води. Заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ. Пендаровски нема да му должи ни на Заев, ни на никој. Доста беше претседател кој прима наредби. Јас сум премиер, ама претседателот е прв и ќе си го слушаме. Кога ќе треба и ќе не мава. Конечно, ќе имаме претседател со кој ќе можам да работам. Ние не сме Северномакедонци, ние сме Македонци. Во личната карта во ОН стои Македонци кои зборуваат македонски јазик, без никаква фус нота. Имаме земја признаена од сите и никој повеќе нема да не оспорува. Конечно е признаен етничкиот Македонец со македонски јазик, за тоа се бореа нашите предци,, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Прилеп.
Конзенсуалниот кандидат Стево Пендаровски порача дека е недозволиво државата да биде водена од Будимпешта.
– Почитувани граѓани, во една реченица, недозволиво е а и јас тоа нема да го дозволам нашата држава да биде водена од Будимпешта. Нивната концепција е изолација, поништување на Преспанскиот договор, и целосна изолација. Затоа не смееме да се коцкаме со иднината на државата. Ова што досега е направено и на меѓународен план, и на внатрешен план во делот на внатрешната кохезија кои оваа влада ги направи, не смееме да ги ставиме под ризик. Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ, рече Пендаровски пред граѓаните во Прилеп, и посочи дека за прв пат во историјата на нашата држава зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.
На првиот ден од изборната кампања, под слоганот „Заедно напред“ претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, покрај трибината во Прилеп, претходно попладнево имаше средби со граѓаните во Кривогаштани и вечерва одржа трибина во Крушево.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni