CSS Template

Водоводна мрежа во с.Саждево, од денеска приклучоци на домаќинства

248

ЈП „Комуна“ Крушево ги заврши активностите во спроведување на крак од водоводна мрежа во должина од 300м, и ќе започне со спроведување приклучоци, на овој крак, на домаќинства и изрши санација на постарата линија на која ќе се приклучат дополнителен број домаќинства.

Директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески најавува дека во договор со месното население ќе се постават и водомери со што, генерално, ќе се подобри водоснабдувањето на с. Саждево.

„Десетина домаќинства ќе се поврзат на новиот крак, а по санирањето на постоечкиот крак ќе овозможиме приклучок и на други домаќинства и куќи. Во моментов преговараме за поставување на водомери во населеното место Саждево“, изјави директорот Наум Илиески.

Со средства на Европска инвестициона банка, преку Министерство за транспорт и врски, локалната самоуправа веќе работи на изградба на цевковод во ова населено место во должина од 2,3 километри.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm