CSS Template

Победа на тест за опстанок со Вардар

oznor
258
Avtokontrol1

Натпреварот во Охрид започнува денеска, во 15:30 часот. На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во 26. коло од ПМФЛ, домаќин е Победа , а противник е македонскиот вицепрвак Вардар.

Иако, Победа е во незавидна положба ,со оглед на тоа што е последна на табелата со 18 бода , избраниците на Мегленски ќе се обидат да пронајдат форма преку која би го обезбедиле опстанок во лигата. Тони Мегленски повторно се врати на тренерската позиција и вети дека ќе го даде максимумот за да ја спаси честа на прилепскиот прволигаш. Сепак, резултатите на тимот не најавуваат добра завршница на сезоната, а утрешниот противник ќе биде уште еден проблем на патот до преживувањето во елитаната македонска фудбалска  лига.

Инаку, меѓусебните дуели меѓу овие две екипи секогаш носат изненадувања. На последните пет меча, екипата од Прилеп потив Вардар има две победи и три порази.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni