CSS Template

Зошто Прилеп го одбележува Денот на тутунските работници – 4 април?!

313

Денеска Прилеп го одбележува Денот на тутунските работници – 4 април .  Ден се честувува во институциите поврзани со тутунската индустрија, но и во семејствата кои произведуваат тутун.

Тутунски Комбинат АД Прилеп,  во долгогодишната традиција,  со скромна свеченост  денот ќе го одбележи со додлување на признанија и залтници  за работниците кои имаат 20 годишен работен стаж во Комбинатот и кои биле  лојални на компанијата . Воедно ќе бидат засадени и садница во кругот на фабриката,  со цел да останат како своевиден симбол кои ќе потсетува на овој ден, но и ќе го облагородат парковскиот дел од Комбинатот.

Во Македонија во примарното производство на тутун, се вклучени 30 илјади семејства, а додека во тутунското стопанство работат 3.000 лица и околу 2.000 сезонски работници. Тутунскиот сектор директно влијае врз економијата во државава, зашто 30 отсто од буџетот се полни од работењето на тутунските компании по основ на даноци и други давачки. Во најтутунарскиот крај во државава, Пелагонија, од производство на ориентален тутун егзистираат повеќе од 10 илјади семејства кои се дирекно вклучени во продукцијата.

Без оглед на овој податок вкупните количества на тутун, секоја година се намалуваат како резултат на тоа што младите не сакаат да ја обработуваат оваа индустриска култура која што е пример за трудоинтензивна дејност. За овогодишната реколта очекувањата се дека во руралниот дел на Пелагонија производството ќе бележи благ пораст, „но градските средини евидентно го напуштаат тутунопроизводството“ рекоа од тутунското здружение „Мице Козар“ ,при последната средба со новинарите

Причината зошто Денот на тутунските работници се одбележува на 4 април е што во далечната 1938 година тутунските работници на чело со Борка Левата организирале штрајк во монополот борејќи се за своите синдикални права. Од тогаш традиционално овој ден е се чествува како своевиден празник на тутунските работници и секоја година традиционално се слави во Македонија.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni