CSS Template

Џудо клубот Санкаку го прослави првиот роденден со полагање за појаси

336
Avtokontrol1

По повод првиот роденден од постоењето Џудо Клубот Санкаку –Прилеп, организираше – полагање за ученички КЈУ Појаси. Полагањето беше спроведено согласно правилата за работа во Џудо Федерацијата на Македонија, односно правилникот и програмата за полагање појаси издадени од Дан комисијата при ЏФМ.

Тричлена стручна клубска комисија и надзор од членови на ДАН комисијата при ЏФМ одлучуваа околу исполнувањето на условите за стекнување со соодветните појаси.
– Полагањето заврши успешно, при што, околу 25 членови на клубот се здобија со соодветно положените појаси. Од нив повеќето се жолти појаси затоа што се работи за млад клуб, вели Менде Илиоски, претседател на клубот.
Иако млад, Џудо клубот Санкаку Прилеп оваа недела ќе биде вклучен и во техничката организација на Државното Првенство за Кадети и Ветерани. Првенството ќе се одржи во Прилеп заедно со Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп.
Џудо клубот Санкаку Прилеп е формиран во април 2018.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni