CSS Template

Силјановска Давкова во посета на Прилеп со наклон пред споменикот на Ченто

350

Kандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Дафкова,  денеска го посети Прилеп.Се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ  Методија Андонов Ченто и се сретна со своите поддрживачи и граѓани

“Дојдов во Прилеп да положам цвеќе на споменикот на првиот Претседател на АСНОМ, всушност првиот Претседател на Македонија, Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот. Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна, што знали уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас. Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеле. Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија“, истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Дафкова, при денешната посета на Прилеп.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm