CSS Template

Изложба CARIN,везови на имигранти, бегалци, и жители на Северна Норвешка

238
Avtokontrol1

Во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ од четврток 11 април ќе биде отворена изложбата CARIN од Марсил Ангелов Ал-Махамид. Станува збор за колаборативна уметност, рачно изработени везови на имигранти, бегалци, и жители на Северна Норвешка.
Марсил Ангелов Ал-Махамид кој живее во Tromsø, Норвешка ја започна работилницата за вез со наслов „ CARIN“ во соработка со истражувачкиот проект „Cit-egration “ (Одржливи различни градови: Иновации во интеграцијата) воден од Универзитетот во Tromsø, во 2017 год. Марсил пораснал во Југославија, по потекло од сириски татко и српска мајка.Неговото долгогодишно истражување е на темата “Сеќавање”, фокусирајќи се на настаните од Втората светска војна во Северна Норвешка. Тој е исто така заинтересиран за социо-економски прашања како сиромаштија, очај и економска кревкост што произлегуваат од војни и конфликти.
CARIN е една од студиите на случај и партнер со проектот Cit-egration чија главна цел е да произведе нови применливи знаења за иновативни интегративни активности кои ни помагаат да живееме со разликите, да ја подобриме интегративната интеракција и да развиваме само градови. Истражувачкиот тим на Cit-egration спроведува истражувања за развивање на интеграцијата на имигранти / бегалци во рамкитена CARIN. Постојат многу предизвици кога станува збор за градење на интегрирано општество во повеќе мултикултурна земја, како што е Норвешка. Општествената вредност на CARIN е нејзиниот фокус на создавање на повеќе знаења затоа како формите на уметност и иницијативи за интеграција навистина функционираат.
Ангелов Ал Махамид има неколку уметнички проекти кои се фокусираат на копродукција на методи за создавање уметнички дела и простори кои се претвораат во општествено ангажирана уметност.Тој главно работи со рачно изработен вез, видео-изведба и уметничка инсталација.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm