CSS Template

Државно џудо првенство за кадети и ветерани – ЏК Сеишен доминантен

284
Avtokontrol1

Спортската сала на СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп денеска беше домаќин на Државно првенство за кадети-ки и ветерани во организација на Џудо Федерацијата на Македонија. Техничката организација беше доверена на прилепските Џудо клубови Сеишин и Санкаку.
На ова Државно првенство учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од нашата држава. Прилепските клубови домаќини Џудо Клубот Сеишен и Санкаку на овие државни првенства се покажаа во најдобро светло.
ЏК Сеишен најстапи со најголем број натпреварувачи но и комплетно доминираше на теренот.

Имено, настапија 20 во кадетска и 4 во ветеранска конкуренција или вкупно 24 односно 1/4 од вкупниот број на Државните Првенства. На овие државни Првенства клубот Сеишен-Прилеп освои вкупно 20 медали (5 златни, 8 сребрени и 7 бронзени) од кои 16 медали се освоени во Кадетска конкуренција и 4 медали во Ветеранска конкуренција.
ЏК Санкаку покрај тоа што учествуваше во техничката организација, по повод приемот во Џудо Федерација на Македонија како рамноправна членка на годишното собрание на Џудо Федерацијата на Македонија кое беше одржано на 13.04.2019 исто така во Прилеп, изврши кратка презентација. Имено членовите на Санкаку на церемонијата за свечено отворање на овие првенства успешно ги презентираа досега изучените техники од џудо спортот. Џ.К. Санкаку во идниот период продолжува со уште посилно темпо во како во тренажниот процес така и во натпреварувачкиот дел.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm