CSS Template

Комуналец ги оспособува бунарите за техничка вода

245

Комуналец ги оспособува бунарите, шахтите и водоводната мрежа.Во функција на подготовки за проолетното и летно одржување на парковските површини, Комуналец е работно ангажиран за обнова на шахтите и мрежата за обезбедување на технолошка вода ,за наводнување на парковите. Моментално се работи на реконструкција на водоводната мрежа  на паркот наспроти хотел Липа и паркот кај Судот. По активностите паркот ќе биде доведен во првобитна состојба со засејување на трева и редење на бекатон плочки и ивичници.

Планирано е да се оспособат и пуштат во работа бунарот за технолошка вода во населбата Бончејца и на ,,5та Прилепска,,  а останатите ќе бидат проверени и оспособени со цел наредниот период непречено да се наводнуваат сите паркови низ градот за кои  се користи технолошка вода – информираат од ЈКП Комуналец

semm
Vivafarm
Farma Dolneni