CSS Template

Без конкуренција прво место за прилепските млади музички виртуози на народни инструменти

586

На државниот натпревар за млади музичари , во Скопје, учениците кои изучуваат изворни народни инструменит, од ООМУ „Ордан Михајлоски- Оцка„, беа најдобри, без конкуренција.

Сергеј Настески, Антонио Трајкоски , Дамјан Трајкоски, Марко Солески, Јован Станкоски од класата на народни инструменти, кај проф. М-р Мендо Ташкоски, ја освоија највисоката специјална, прва награда, со максимални освени100 поени.Младите прилепски музички таленти,кои виртуозно го свират македонскиот народен мелос на народни музички инструменти на кавали, тапан, тамбура добија огромни пофалби за професионалниот и уметнички настап од страна на стручното жири на чело со светски познатиот маестро Ле Фи Фи.

На натпреварот учествуваа ученици од основните и средни училишта од државава. Во категоријата камерни состави, без конкуренција, највисокото место, жирито им го додели на прилепските ученици

semm
Vivafarm
Farma Dolneni