CSS Template

Во тек дистрибуција на изборниот материјал – гласачките ливчиња со 21 заштита

244
Avtokontrol1

До крајот на денов, ќе се дистрибуира изборниот материјал од печатницата “Киро Дандаро” од Битола до општинските изборни комисии.
Транспортот на гласачкиот материјал до општинските изборни комисии започна денеска во раните утрински часови под силно полициско обезбедување.
Гласачкото ливче го содржи знамето на државата, редните броеви на кандидатите, нивните имиња и презимиња и симболите на политичките партии кои дадоа согласноста за тоа. На гласачкото ливче нема други додатоци. Целокупниот гласачки материјал има висок степен на заштита. Ливчињата имаат 21 заштита, а оригиналните записници се направени на заштитна хартија, која не може да се копира, со генерирани податоци за секое избирачко место.
Првиот круг од Претседателските избори ќе се одржат во недела на 21 април.
Право на глас на овие Претседателски избори имаат 1.808.131 гласач, кои ќе гласаат на 3 480 избирачки места во државата. Избирачките одбори веќе се на пат кон 32 дипломатско конзуларни претставништва во дијаспората, каде се пријавиле 1.782 гласачи, кои ќе гласаат во сабота. Во сабота ќе гласаат и 3.583 болни и немоќни лица, 1.600 затвореници и 7 расселени лица.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni