CSS Template

Премиера во мај на новата театарска претстава „Арапска ноќ“

347

Театарот „Војдан Чернодрински“ со полн ек ја подготвува претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска чија премиерата се очекува во мај.

Станува збор за динамична драма , со пет лика, напишана на специфичен јазик. Ликовите зборуваат во трето лице или гласно ги коментираат своите мисли и постапки, а потоа одненадеж влегуваат во дијалог. Елементите на трилер (приказната е со низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник, кој можеби тоа не е) ја градат неизвесноста во развојот на дејството, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.

            -Дејството се случува во европски град, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Една обична десеткатна станбена зграда, иста како многу околу неа, со текот на времето се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Се работи за навистина прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална, која во себе го спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина…  Во сета забавност и динамичност на раскажување на возбудливата фабула, драмата всушност се занимава со осаменоста и со потребата да се преспие сопствениот живот, да се сонува и да се замени реалноста со фикцијата, за да се преживее ноќта. Така, оваа зграда и овие пет луѓе стануваат пресек на целиот свет – вели режисерот Бузалковска.

Во претставата играат: Игор Трпче, Даниела Иваноска, Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиeвски и Ангела Наумоска. Дизајнот е на Јулијана Воjкова-Најман, а музиката е на „Фолтин“, кои ќе бидат и дел од претставата.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm