CSS Template

Локалитетот Крушевско езеро инфраструктурно ќе се доуредува

304
Avtokontrol1

Со средства во висина од 28 милиони денари од Агенцијата на поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе се уредува зоната околу Крушевското езеро, а ќе се изработат и урбанистички планови за населените места.
„Проектот за линиска инфраструктура, изградба и уредување на патна инфраструктура во локалитетот Крушевско езеро“ ќе опфати асфалтирање на патот кој води до езерото и спортскиот комплекс во близина на месноста „Гумење“. На таков начин ќе се уреди сообраќајното поврзување со безбедна патна инфраструктура, која ќе опфати атмосферска канализација. Со тоа Крушево ќе добие уредена средина околу спортските терени, безбеден пристап и доизградба на хотелската зона околу Крушевско Езеро.
Активностите опфаќаат асфалтирање во близина на месноста „Гумење“ па се до спортскиот комплекс, Крушевско езеро и хотелската зона околу езерото за поубав изглед, и што е најважно достапност за граѓаните и туристите
Воедно, како што информираат од локалната самоуправа Крушево, со средствата обезбедени од Агенцијата ќе се изработат урбанистички планови за населените места кои ќе овозможат сеопфатен инфраструктурен развој на селата, како и легализација на објекти, издавање на одобренија за градење, ќе се овозможи изградба на игралишта, паркови и слични содржини и сл.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm