CSS Template

„Семејни приказни“ нова претстава во театарот „Војдан Чернодрински“

369
Avtokontrol1

Во НТ „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Семејни приказни“ , во режија на Милош Б. Андоновски. Новиот проект за драмата чиј автор е Биљана Србљановиќ е дејство во кое станува збор за четири деца на возраст меѓу 10 и 12 години кои на едно старо, детско игралиште си играат возрасни. Преку нивните игри на преправање во татко, мајка и дете, избиваат нивните лични семејни приказни, односот со родителите, домашното (не)воспитание, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст, воопшто.

Текстот за претставата „Семејни приказни“ е напишан во 1998 година, а неговата актуелност, особено за балканските простори, е несомнена. Биљана Србљановиќ (1970) е најпознатата и најизведуваната српска драмска авторка, но и една од најпознатите и најизведуваните европски авторки денес: нејзините драми се поставени во околу 50 земји.
„Семејни приказни“, за режисерот Андоновски е негов прв професионален ангажман во прилепскиот театар. Ангажирана е со актерската екипа во состав: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.
Инаку, сценографија за Семејни приказни е на Наташа Вчкова, костимографијата на Марта Дуфне Јосифовска.
Подготовките за новата претстава во Прилепскиот театар Војдан Чернодрински ќе се интензивираат по Велигденските празници, а премиерата се планира во месец јуни.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm