CSS Template

Под силно полициско обезбедување започна дистрибуцијата на изборниот материјал

245
Avtokontrol1

Утринава започна дистрибуцијата на изборниот материјал од битолската печатница „Киро Дандаро“ за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела на 5 мај. Процесот се одвива под силно полициско обезбедување.
Гласачкиот материјал во текот на денот ќе се дистрибуира до секоја Општинска изборна комисија, а за тоа се задолжени 12 тимови на ДИК.

На Единствениот избирачки список кој е заклучен на 29 март регистрирани се 1.808.131 гласачи , а за да се оствари потребниот цензус, на гласање треба да излезат 723.253 гласачи.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni