CSS Template

Здружението Преродба оствари уште една хуманитарна мисија по повод Велигден

618
Avtokontrol1

Достојно на традицијата, Здружението Преродба од Прилеп, на свој препознатлив начин го одбележа најголемиот христијански празник Велигден. Семејството се собира за овој празник, а домаќинките се тие кои со љубов ги приготвуваат добро познатите специјалитети препознатливи токму за Велигден.

Со песна посветена за празникот, со желби за љубов, разбирање, хуманост членките на Преродба го одбележаа Христовото Воскресение, но и остварија уште една хуманитарна мисија.

– За Велигден Здружението Преродба ја подготвува оваа традиционална велигденска трпеза. Секако задолжителни се вапсаните јајца, козињак, слатки и други месени и готвени јадења, се она што си го носи празникот Велигден, рече Лилјана Ѓорѓиоска, претседателка на Здружението Преродба.
За велигденската трпеза вообичаено се погрижија вредните и посветени членки на здружението, а храната беше донирана во семејство каде е најпотребно. Здружението Преродба е препознатливо по своите хуманитарни активности.

Жените од оваа невладина организација активно се вклучуваат секогаш кога треба да се стави акцент за одбележување на одредени празници и со тоа оставаат траен белег, но и потсетување за помладите генерации на традицијата и обичаите во Прилеп.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm