CSS Template

Музичкото училиште “О.Михалоски- Оцка“и ООУ „Г. Делчев“ ги одбележа патрон празниците

456
Avtokontrol1

Не случајно музичкотo училиште во Прилеп го носи името „Оран Михалоски -Оцка„ . Прилепчанецот и народен херој, Ордан Михалоски – Оцка, бил талентиран и образовен музичар, свирел виолина. Тој учествувал и во создавањето на една од најопеаните партизански песни „А бре Македонче„ .

Денеска прилепското музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ го одбележа својот  патрониот празник. Делегација од Општина Прилеп, од прилепската организација на Сојузот на борци, и од основното музичко училиште положија свежи свеќиња пред бистата на херојот во Алејата на народните херои, оддавајќи му почит на борецот, кој што пред 77 години во битката кај Ореовската Корија, Битолско загинал и го дал својот живот, како еден од најистакнатите учесници во НОБ.

Учениците од ООМУ „Ордан Михалоски Оцка“ одржаа и мини концерт на Могилата на непобедените, кој покрај другото ја отсвирија и песната, популарна во тогашното движење, која ја создал, токму, нивниот патрон.

Ордан Михалоски Оцка ј бил член на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, од неговото формирање на 23 октомври 1941 година. Учествувал и во создавањето на песната и химната на партизанското движење во Македонија „А бре, Македонче“.

Својот патрон празник го одбележа и ООУ “Гоце Делечв“

Делегации од училиштето,од  Општина Прилеп, предводена од градоначалникот на Општина Прилеп , од прилепската организација на Сојуз на борци, политички партии и граѓани, почитувачи на ликот и делото на великанот положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во училиштето. Гоце Делчев е македонски  револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организацијаидеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење на македонскиот народ, кон крајот на 19 – от  и почетокот на 20-от век.

Утре, 4-мај се навршуваат 116 години од смртта на великанот, Гоце Делчев кој загигинал кај с. Баница, Серско на 4 мај 1903 .  Утре се навршуваат и 107 годишнината од смртта  на Пере Тошев, чии вечно почивалиште се наоѓа во црквата „Свето Благовештение“ , револуционер и член на Централниот Комитет на македонско-внатрешната организација. Утре се навршуваат и 39 години од смртта на Јосип Броз – Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во чија федерација, до 90-тите години, беше и Македонија, како Република Македонија.

 

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm