CSS Template

Сообраќајка на 20 км од Плетвар, двајца повредени

562
Avtokontrol1

Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.
Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил. Повредените не се во животна опасност.
Сообраќајот на превојот Плетвар е затворен за сообраќај, затоа што полицијата врши увид по случена сообраќајна незгода.
„Од 11:15 часот патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар е затворен поради вршење увид од сообраќајна незгода.“, велат од АМСМ.
Во текот на денот, МВР се очекува да соопшти детали за незгодата.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni