CSS Template

Се слави Денот на словенската писменост

363
Avtokontrol1

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заенички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Празникот на светите браќа Кирил и Методиј посвечено почнал да се празнува во 19 век. Марко Цепенков забележува дека овој празник „силум се воведе во црквата (…) при подигнувањето на црковното прашање. Стефан Тановиќ во своите записи од Гевгелиско вели дека „Св. Кирил и Методиј“ е нов празник кој од скоро почнал да се споменува и да се слави. Го празнуваат само Србите и Бугарите,  додека Грците не сакат ни да слушнат за него.

„Најголема пофалба за нив“ ‒ пишува Григор Прличев во Словото за св. Кирила и Методија, ‒ „е оти папата, денешниот папа римски, оценувајќи ги нивните маки и трудови, оценувајќи ја величината на нивните дела, ги нарече рамноапостоли и издаде заповед, писмена заповед, строга повела да го празнуваат сите денот на св. Кирил и Методија.“ Коментирајќи ја ваквата одлука на папата и на црквата воопшто Прличлев истакнува дека нивните заслуги се големи.

Денот на свети Кирил и Методиј првпат бил одбележан во Македонија во 1860 година, во црквата „Св. Богородица“ во Скопје. Она што всушност претставува суштината на овој празник е есенцијално поврзано со почетокот на создавањето на книжевниот македонски јазик, како еден од најважните елементи според кој се препознава и македонскиот национален идентитет. Иако св. Кирил и Методиј се признаени и се слават како сесловенските просветители и учители, а нивниот ден – 24 Мај (денот кога почнала Моравската мисија) е македонски државен празник, нивното дело, создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, претставува извориштето, основата од која понатаму тргнале по својата развојна линија да се формираат денешните современи словенски јазици, како и на македонскиот јазик.

Именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето…

semm
Vivafarm
Farma Dolneni