CSS Template

Нешо ново за најмладите – прв театарски фестивал за деца„Силјан штркот“

326
Avtokontrol1

Фестивалот ќе се одржи на 31 -ви мај и 1 –ви и 2-ри јуни во Прилеп. Тоа е првиот  театарски фестивал за деца , наречен „Силјан Штркот“,кој ќе се одржи ,како предвесник на театарскиот фестива за возрасни “Војдан Чернодрински“.

Оранизаторите,  театарското здружение “Силјан Штркот“ веруваат дека ова ќе стане традиционален театарски фестивал за деца.

„Целта е да ја создадеме навиката кај најмладата публика за театар. Децата да го сакаат театарот од „мали нозе“ и да ги тргнеме од компутерите и телфоните ,а  да им помогнеме да ја засакаат татарската уметноста. Но, она што е најголемиот мотив е тоа што децата никогаш немале можност да  гледаат повеќе театарски престави за деца особено од театрите од другите градови, а сега тоа ќе го им како можност. Ова ќе биде вистинско театарско дружење, со најискрената публика на светот-децата.

Годинава во фестивалската програма ќе има само четири претстви, доволно да го “напипаме пулсот’  кај публиката,  дали таа има желба за детски претстави и детски театар.  И, се изненадивме! Публиката покажа дека тоа го сака. Уште не промовиран фестивалот во јавност, само на социјалните мрежи, влезниците веќе, за две престави се распродадени. Тоа само ни даде поддршка да веднаш по завршувањето на фестивалот да размислуваме за иднат година,  за фестивал  со побогата содржина.

Фестивлот оваа година доби поддршка од локалната власт и неколку локални копмании, но се надеваме дека театарскиот  фестивал за деца  „Силјан Штркот“, идната година ќе најде поддршка и од Министерството за култура“ –  ни рече , главниот идеен носител на театарското фестивал за деца  “Силјан Штркот“, актерот Марија Спиркоска Илијеска.

 

Оваа година на репертуарот на театарскиот детски  фестивал „Силјан Штркот“ се претставите „Црвенкапа“ од театарот од Велес, која в петок, на 31 -ви  мај,  во 19,оо ч. во театарот “Војдан Черндрински“ќе го отвори преставата фестивалот,   в сабота,1-ви јуни ,  во 12,оо ч. во кино салата Мис Стон е преставата „Малиот Принц“ на театарот на Сенки и облаци Скопје, а во центарот на градот кај саат кулата во 20,оо ч ќе биде прикажана пртставата „Заборавените кукли“  од театар Битола, додека,  в недела, фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче“ од театар за деца и младинци Скопје , која ќе се прикаже во театарот “Војдна Чернодрински“, во 19,оо ч.

Театарскиот фестивалот за деца “Силјан Штркот“ ќе биде  збогатена и со други содржини:  Пред свеченото отворање во театар Војдан Чернодрински ќе се одржи забава за деца со Lotus Lounge Chair, а  специјална точка на отворањето на фетивалот, ќе одржат учениците од трето 3 и трето 4 од ООУ”Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп.  Забава ќе има и во саботата по завршувањето на преставата “Заборавените кукли“ со група  Тhe Four,  а ќе се одржи и работилница театар на сенки.Во татарскиот фестивал се вклучени и децата од градинките од Прилеп.

Влезници

Влезници за Театарскиот фестивал за деца “Силјан Штркот” може да резервирате на тел. 071948855  по цена од 100 денари!!Тие веќе се распродадена  за преставата “Црвенкапа”, а лимитиран за  претставите “Малиот Принц” и “Грдото Пајче”.

Ова е  програмата во целост:

Петок (31-ви мај 2019-та)
18:00          Театар Војдан Чернодрински – Забава со Lotus Lounge Chair
19:00           Свечено отворање на фестивалот
19:10         Театарска претстава Црвенкапа Театар Велес

Сабота (01-ви јуни 2019-та)
12:00        Кино Мис Стон, театарска претстава Малиот Принц, Театар на сенки и облаци Скопје
13:00.       Работилница театар на сенки
20:00       Центарот на градот Саат Кула, театарска претстава Заборавените кукли Театар Битола
21:00       Забава со Тhe Four

Недела (02-ри јуни 2019-та)
18:00 Театар Војдан Чернодрински, пречек на гости
19:00 Театар Војдан Чернодрински, театарска претстава, Грдото пајче, Театар за деца и младинци Скопје.

 

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm