CSS Template

Зошто викендов треба да го посетите Прилеп?! Три спектакуларни настани: ракометен турнир, детски театарски фестивал, фото изложба …

1.251
Avtokontrol1
   СПОРТ

Спектакуларен меморијален турнир за ветерани/ки „Таста –Лара“

         Викендов (31 мај до втори јуни) во Прилеп ќе се одржи, првиот меморијален турнир „Таста-Лара“ за ветерани/ки во чест на двете ракометни легенди, Петар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара, кои починаа минатата година. Турнирот ќе се одржи на отворено, на терените на хотелот  „Сонце ГА„, а првите натпревари започнуваат пoпладне, од 14,оо ч.

На турнирот ќе учествуваат:  екипи од Војводина, Нови Сад, Грција, ветеранките на „Тут-ком“, оној легендарен тимот , кој токму Таста и Лара, го предводеа до најголемиот успех во тогашната женска македонска лига (1987/88), влезот во втората ЈУ лига, екипата на Борец(ветерани/ветеранки), репрезентација на Македонија (ветерани), женскиот тим на Богданци, има покана и до ѕвезден состав на Кометал Ѓорче Петров, екипата ветеранки од Гевелија , а се очекуваа на турнирот да пристигна и ветеранките од Демир Хисар и Битола.

Спктакуларно на теренот ќе појават македонските машки ракометни легенди:  Пепи Манасков, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Бранче Ангеловски, Гоце Макалоски, Стевче Алушовски, Александар Јовиќ…

        Култура

                Прв детски театарски фестивал „Силјан Штркот“

       Фестивалот ќе се одржи на 31 -ви мај и 1 –ви и 2-ри јуни во Прилеп. Тоа е првиот  театарски фестивал за деца.

Програма на фестивалот :

Петок (31-ви мај 2019-та)
18:00          Театар Војдан Чернодрински – Забава со Lotus Lounge Chair
19:00           Свечено отворање на фестивалот
19:10         Театарска претстава Црвенкапа Театар Велес

Сабота (01-ви јуни 2019-та)
12:00        Кино Мис Стон, театарска претстава Малиот Принц, Театар на сенки и облаци Скопје
13:00.       Работилница театар на сенки
20:00       Центарот на градот Саат Кула, театарска претстава Заборавените кукли Театар Битола
21:00       Забава со Тhe Four

Недела (02-ри јуни 2019-та)
18:00 Театар Војдан Чернодрински, пречек на гости
19:00 Театар Војдан Чернодрински, театарска претстава, Грдото пајче, Театар за деца и младинци Скопје.

Влезници за Театарскиот фестивал за деца “Силјан Штркот” може да резервирате на тел. 071948855  по цена од 100 денари!!Тие веќе се распродадена  за преставата “Црвенкапа”, а лимитиран за  претставите “Малиот Принц” и “Грдото Пајче”.

    Фотографија

 

   Денови на Македонска фотографија 2019

            В сабтоа,  1-ви jуни и 2 јуни , Прилеп е домаќин на 57 – та државна изложба  ‘‘Денови на Македонска фотографија 2019‘‘ во организација на  Фото сојуз на Македонија и Фото кино клубот  Прилеп. Изложбата ќе се одржи во Галеријата на НУЦК “Марко Цепенков„ во 19,оо ч. каде ќе бидат престравени 122 фотографии на најрелевантните македонски фотографи ,а ќе бидат доделени награди на најдобрите. На настанот ќе му предходи промоција во градската библотека “Борка Талески“ на неколку македонски автори кои преставуваат симобл на фотографијата .

Настанот продолжува и наредниот ден, недела, кога организаторот Фото кино клубот  Прилеп ,како добар домаќин, ќе им организира на посетителите – фотографи, фото сафари низ  Прилеп и с. Штавица, на која ќе присуствуваат најдобрите македоснки автори и ќе дадат свој придонес за афирмација на Општина Прилеп низ фотографија.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni