CSS Template

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

354

На  31 –ви мај ( в петок), во Крушево започнува манифестацијата „ Вечери на Васил Иљоски“ во чест на големиот книжевник, драматург и есеист, крушевчанецот Васил Иљоски. Манифестацијата е во организација на Општината, но активно во неа се вклучува СОУ „Наум Наумоски Борче“ со своите ученици и професори. Професорот по македонски јазик, Никола Јованоски, еден од иницијаторите и автор на првата брошура посветена на Васил Иљоски  „Крушевчанецот  Валил Иљоски“, вели дека манифестацијата треба да прерасне во традиционална.

„Таа во минатото се случуваше инцидентно во Крушево. Но, ние треба да сфатиме дека мора да му се оддаде признание на овој крушевчанец, кој во македонската литература и јазик има посебно место, најпрво како еден од членовите на првата јазична комисија во Р.Македонија во 1944, но и како еден од првите автори кои пишуваат на македонски јазик меѓу двете светски војни. Особено, ние, како крушевчани, сме, и треба да бидеме горди, бидејќи Васил Иљоски си го сакаше своето родно место, градот Крушево, и ова што ние ќе го правиме за него е само еден мал дел за наше отчестување кон него.“

 

Оваа година во манифестацијата „Вечери во чест на Васил Иљоски“ активно се вклучуваат учениците СОУ „Наум Наумоски Борче“. Вечерта на 31 –ви мај, на отворањето на манифестацијата, драмската секција ќе има кратка драмска игра со фрагменти од неколку драми од Васил Иљоски, а паралелно на видео бим ќе оди и драмата „Чест“ која драмската секција на СОУ „Наум Наумоски Борче“  пред неколку години ја изведи на фестивалот “Утрена Ѕвезда“- Банско, Бугарија, за која доби и награда.

На манифестацијата „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе биде промовирана и брошурата „Крушевчанецот Валил Иљоски“.

 

„Годинава ќе има промоција и на мојата брошура „Крушевчанецот Васил Иљоски “, во која се собрани повеќе текстови, освен биографски податоци за него има и текстови кои се сретнувале по медиумите посветени на  него, има регистар на театарски престави кои се играни по негови драми, почнувајќи од 1926/28 г. од драмата „Бегалка“, па се до 2014/ 15 год. кога театарската група од нашето училиште „Наум Наумоски – Борче“  ја изведе неговата престава. Потоа, во брошурата ќе има неколку сеќавања за Васил Иљоски и за прв пат се објавува и фотографија на неговата сестра Донка, која била мажена во Софија и таму починала. Тие се неколку атрактивни работи во оваа брошура, а истовремено има многу фотографии од негови претстави играни во македонските театри“- вели професорот по македонски јазик од СОУ „Наум Наумоски Борче“ и автор на брошурата, Никола Јованоски

 

Манифестацијата „ Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе опфати и изложба на 40 –тина фотографии од театарски престави од сите македонски театари, кои  биле формирани од 1946 г., доделување на награди за најдобар есеј на тема: „Учениците за Васил Иљоски“, а на 1- јуни, вечерта, во рамките на манифестацијата ќе биде изведена и драмската претстава  „Последната ноќ“ на Народен театар – Битола.

Наредната година, организаторите планираат, манифестацијата да прерасне во аматерски драмски фестивал „Васил Иљоски“, на кој е планирано да учествуваат аматерски секции од средните училишта од Македонија, со цел да се поттикне македонското драмско творештво, како и драмските средношколски секции и групи да обработув аат претстави работени од македонски автори.

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm