CSS Template

Меморијален ракометен турнир ТАСТА – ЛАРА, спорт, спомени, дружење

892
Avtokontrol1

Дека ракометот не е само игра, туку многу повеќе од тоа, доказ е првиот турнир за ветерани и ветеранки ТАСТА – ЛАРА кој денеска и утре се одржува во Прилеп. Спортските великани Петар Кузманоски-Таста и Влатко Коруноски-Лара, ненадминати како ракометари и тренери, и двајцата најдобри пријатели, кои починаа минатата година, повторно ги собраа на едно место екипите од Македонија, Србија, Косово.
На отвореното игралиште во Сонце ГА, на терен прилагоден за игра со поставена подлога, турнирот денеска започна и свечено беше отворен од градоначалникот Илија Јованоски, но продолжи во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ . Турнирот ќе продолжи утре.
Тимовите во машка конкуренција се поделени во две групи. Во едната се: Борец, Млади ветерани Прилеп, Борац Урошевац и Македонија млади ветерани. Во другата група се тимовите на Македонија ветерани.
Жените – ветеранки се 4 екипи: Тутунски-Комбинат Прилеп, Богданци и Војводина. Настапуваат легендарни имиња во машките и женските состави:
Ванчо Димовски, Алушовски, Наумче Мојсоски, Јовиќ, додека кај жените настапува речиси комплетната екипа која што Петар Кузманоски Таста и Влатко Коруноски Лара ја предводеа во Втората ракометна лига на Југославија: Вера Стојаноска, Снежана Наумоска, Елизабета Атанасоска, Каролина Митеска, Тања Лозаноска, Кети Базеркоска, Кети Талеска, Анета Магденска, Лидија Белческа, Гордана Цветаноска, Марија Павлоска и други од помладите генерации, но и од генерациите пред најтрофејната екипа од прилепскиот женски ракомет.


САБОТА, 1 ЈУНИ
11:30ч
ГЕВГЕЛИЈА – ВОЈВОДИНА (ЖЕНИ)
12:00ч
ПЕЛИСТЕР – ЈУГОВИЌ КАЧ
12:30ч
ВОЈВОДИНА – БОГДАНЦИ (ЖЕНИ)
13:00ч
БОРЕЦ – МЛАДИ ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП
13:30ч
БОГДАНЦИ – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНИ)
14:00ч
МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ – КУМАНОВО
14:30ч
ТУТ КОМ ПРИЛЕП – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНИ)
15:00ч
БОРАЦ – МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ
16:00ч
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
16:30ч
ФИНАЛЕ

semm
Vivafarm
Farma Dolneni