CSS Template

Десетмина осомничени, седуммина во притвор за лажни документи

421
Avtokontrol1

Десет лица се опфатени со Наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, а по поднесени кривични пријави од страна на Министерството за внатрешни работи.
Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената АД Комерцијална Банка Скопје – филијала Прилеп.
Имено, петмина од осомничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсификувани документи. Со помош на останатите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје.
Преку извршената измама, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000,00 денари и еден во висина на 1.399.954,00 денари.
Со дејствијата кои ги презеле осомничените извршиле кривични дела Измама од член 247 и Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување на мерки за обезбедување присуство на осомничените. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па судот на седуммина осомничени им определи мерка Притвор , додека на тројца осомничени им се определени мерки на претпазливост.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm