CSS Template

Крушево: Изложба на Петар Начески – Државен фестивал на непрофесионален филм

216

Изложба на Петар Начески

Во домот на културата „Наум Наумоски Борче“ – Крушево  од 19/06/2019  (14:00 ч)  до 23/06/2019 ќе биде поставена  изложбата од цртежи и слики од уметникот, Петар Начески, поранешен професор во СОУ „Наум Наумовски Борче“. На изложбата, креациите на Начески ќе бидат презентирани и пораките што ги носат цртежите во себе.

 48-от Државен фестивал  на непрофесионален филм

Од  07/06/2019 – (14:00 ч.) до 08/06/2019 во домот на културата „Наум Наумоски Борче“ – Крушево ќе се одржи 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм на кој се очекува да настапат многу млади режисери од Македонија. Фестивалот има натпреварувачки карактер  и опфаќа неколку  категории: документарен филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран – цртан филм и едноминутен филм.

Фестивалот е во организација на Кино сојуз на Македонија и народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и општина Крушево.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm