CSS Template

Денеска муслиманите во целиот свет го слават Рамазан Бајрам, вториот по важност празник во исламот по Курбан Бајрам

201

Рамазан Бајрам ,денешниот празникот, (4 јуни 2019 г. вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираше Министерството за труд и социјална политика.

Големиот муслимански празник Курбан Бајрам доаѓа по едномесечните пости, во кои верниците преку ден се воздржуваат од храна, од вода, од сите пороци, но и се воздржуваат од интимни контакти. Деновите на постот со себе носат и можно проштавање на насобраните гревови во текот на годината. Она што е многу важно за овој празник е секако милоста кон сиромашните верници. Во Македонија е распространето на сиромавите да им се помага во текот на целиот пост и за време на празнувањето на Рамазан Бајрам. Обично ним им се дава храна, а за време на празникот богатите ги канат кај себе оние што не можат да си дозволат богата и вкусна трпеза и ги гоштаваат.

Четири дена пред Рамазан Бајрам започнува генералното чистење на домот и на дворот. Во руралните средини се прави и генерално чистење на сиот имот: се чистат шталите, кокошарниците, се уредуваат бавчите, а, исто така, стопаните ги бањаат и сите животни што ги поседуваат. Не се чисти единствено оружјето што се поседува, зашто во вакви празнични денови треба да се заборави на сето зло што тоа може да го донесе со себе.

Задолжителна за овој празник следи утринска молитва. По молитвата,  целото семејство се собира на богата трпеза. Во ваквите денови роднините треба да бидат колку што е можно повеќе заедно и што повеќе да се сплотат.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni