CSS Template

Одбележана 98 годишнината од убиството на Ѓорче Петров

215
Avtokontrol1

Денеска се навршија 98 години од убиството на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров. По тој повод, пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, претставници на Советот на општина Прилеп, на средното општинско училиште кое го носи името на револуционерот, Сојузот на борци – Прилеп и на политички партии.

Исто така, свежо цвеќе беше положено и пред спомен плочата на родната куќа на Ѓорче Петров, во населбата Варош.

Ѓорче Петров, неговото целосно име е Георги Петров Николов бил професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.
Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип.
Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО . Член на Централен комитет на МРО. Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија(1897–1901). Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.
Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Ѓорче Петров бил убиен по наредба на Тодор Александров на 21 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm