CSS Template

Одбројувањето за Пивофест започна, од утре булеварот затворен за сообраќај

321

Првиот ден од работната недела, стартуваат финалните подготовки за Пивофест. Ќе се монтира големата бина, а ќе работат и закупците на просторот за продажба, скараџиите и пиварниците. Општина Прилеп издаде соопштение со кое се известуваат граѓаните:

– Заради почнување на активностите за припрема на „Пивофест 2019“, од понеделник, 15.07.2019 година од 21.00 часот, се затвора за сообраќај булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од поранешната „Градска кафеана“ до „Тинекс“.

Истовремено, со цел да се овозможи непречено изведување на предвидените активности, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“, се вели во соопштението од општината.

Фестивалот на пивото по 17-ти пат ќе се одржи, од 18 до 21 јули, во центарот на Прилеп, а ќе настапат популарни музички имиња. Во центарот на градот резервирана е на површина од 4.100 квадратни метри, со учество на повеќе пиварници од земјата и од странство.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni