CSS Template

Пивофестот вечерва ќе ја достигне кулминацијата

810
Avtokontrol1

Без ниту еден инцидент и во пријатна атмосфера, изминаа двете фестивалски вечери на 17 – тиот Пивофест. Очекувано, ѕвездата на вечерта – Цеца предизвика досега најголемо внимание, привлекувајќи илјадници гости од целата земја. Градоначалникот Јованоски истакна дека се се одвива според планот, непречено, и покрај интенциите да се наштети на угледот на градот и на фестивалот.

– Сите оние кои сакаа да ја расипат вчерашната журка не успеаја, благодарение на брзата интервенција на екипите на МВР, сето тоа помина незабележително, без паника и проблеми. Сакам да апелирам дека сето оваа се одразува на имиџот на нашиот град и е на голема штета на прилепчани.Да напоменам дека во овие две вечери во Полициската станица немало пријавено ниту еден инцидент. Задоволни сме што синоќа имавме голем број на гости кои ги проследија изведбите на Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ, составот Кантурови и балканската мега ѕвезда Светлана Ражнатовиќ. Добро надополнување беа алтернативните содржини како и настапите на камената бина, истакна градоначалникот Јованоски.

На третата вечер се очекува најголем интерес поради викендот. Секако, публиката ќе ужива во настапите на атрактивните The Hounds и Нокаут, како и мега популарните Влатко Стефаноски Трио и групата Фрајле. оваа вечер да помине во пријатна атмосфер на главната бина на Пиво фест 2019 свои настапи ќе имаат.
Алтернативната сцена повторно со богата програма со настапите на Barum Barum (Андреја Салпе и Филип Полски)., елекстронско дуо од Скопје, а претходно околу градскиот саат има целодневно книжевно саемче.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni