CSS Template

Вечерва резервирана за „Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите“

189
Avtokontrol1

Во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ вечерва со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт насловен како. Ќе настапат : Мелани Пеоска (пијано), Софија Никоска и Марија Јанчулеска (виолина), Љупчо Трајаноски (виола) и Андријана Дукоска (виолончело). Покрај другото на концертот ќе бидат изведени Познати евергрини од солистот Александар Здравков во придружба на пијано од Филип Пеоски.
Мелани Пеоска е родена 1985 година во Загреб, Хрватска. Своето образование го формира во Загреб. Средно музичко училиште, насока пијано-завршува во класата на проф. Власта Пољак. 2009г. дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф.Павица Гвоздиќ – академски музичар, пијанист, проф. по пијано и магистер по пијано.
Мелани е добитник на високи признанија и награди на натпревари во Хрватска и тоа : Прво место на натпреварот “Мали Амадеус”, Второ место на државниот натпревар по пијано и камерна музика, добитник е и на посебна награда “Фонд Јанка Шањек”, за најдобар ученик во средно училиште.
Активно настапува и одржува концерти во Македонија, Германија и Хрватска како солист и камерен соработник.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm