CSS Template

Средното образование,темел за иднината на младите

215

Темелот на образованието е најважен за понатамошните успех на еден човек. СОУ „Наум Наумоски Борче“- Крушево одaмна има потврдено дека учeниците кои се стекнуваат со гимназиската диплома , добиени од ова средно училиште,  имаат добра едукациска основа за да постигнуваат високи резултати во понатамошното образование.

Пример за тоа е и Ташули Талески, некогашен средношколец во СОУ „Наум Наумоски-Борче “ – Крушево,  а денес студент на Машинскиот факултет во Скопје.  За ова момче сигурно допрва ќе се слуша во сферата на металната и машинската индустрија. Зошто ?!

Токму, тој,  при голем број на студенти од Кореја , Русија,  Бугарија, Полска… кои доаѓаат од еминентни Универзитети, го освои првото место на Меѓународната студентска Олимпијада за проектирање на технологии за обработка со обликување, за 2019 година.

  “Наградата е за најдобро изработена технологија за ковање, на зададена задача, односно дел. За зададениот дел се прават потребните пресметки за технолгоијата и се црта алатот.  А,  потоа во софтвер, qform, се симулира работата со реално зададени парметри и доколу е потребно се оптимизира. Така, изработениот проект се оценува , прво на национално ниво, а потоа се доста   вува  до Меѓународната студенска Олимпијата“ . – ни објасни Ташули Талески

 

„Станува збор нова технологија и креирање на нов дел, кој досега го нема на пазарот и тоа е навистина предизвик.  Впрочем, не можеш  да знаеш што другите студенти направиле, како тие го замислуваат делот и како  размислуваат  и затоа не знаеш каде котираш, се додека не се појават резултатите.  Среќен сум што го освоив првото место и тоа навистина е мотив и сатисфакција за секој студент„ – изјави за Радио Пела, ТашулиТалески, кои Крушевчани максимално го поддржаат со низа честитки  , откако  слушнаа за веста, особено директорот на СОУ „Наум Наумоски Борче„ , Снежана Миленковска, која гордо се пофали за успехот на нивниот некогашен ученик.

На натпреварот учестуваа 139 студенти од 40 универзитети од светот. Ташули Талески е студент од насоката Производно инженерство при Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје. Наградата за освоеното прво место ќе му биде доделна на првиот свечен час на факултетот.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm