CSS Template

Пожар му се заканува и на Зрзе – Серијата пожари никако не е случајна!

559

Манастирот „Св. Преображение” во селото Зрзе е загрозен од пожарот  кој од вчера гори во Прилепско. Пожарот кој вчера избувна кај Дебреште веќе е близу до манастирот, уверуваат жители од Зрзе. Екипите на противпожарната единица – Прилеп се на терен во спречување  огнената сихија да не стигне до манастирот.

Во рок од само 2 часа , вчера во прилепско се случија 5 огромни пожари кои опфатија површина од 300 до 400 хектари. Освен Плетвар, гореше кај село Лопатица и помеѓу селата Рилево и Зрзе во Општина Долнени. „Пожар има и помеѓу с.Алинци и Тополчарни“ – информираат наши читатели.

Пожарникарите се сомневаат дека пожарите се подметнати и бараат надлежните да превземат итни мерки.

 

                                                                 Серијата пожари никако не е случајна!

 

Тоа не се само  т.н неодговорните „љубители“ на природа кои фрлаат догорчиња ! Дрвократците се повеќе потенцирани како потпалувачи на шумите и огнена стихија предизвикана од палењето на стрништа ! Но, прашањето е има ли државава стратегија како да ги спречи овие пиромани, кои однесоа огромни пространства шума? Кои ги загрозуваат животите и на оние кои гаснат, и на оние кои живеат во населените места, и кои создаваат  огнот да им се заканува дури и на  културното наследство, манаситирите, изградени во планинскиот дел на Македонија .Кои го пореметуваат целокупното живеење во земјава

Господа, не пазарете се поради бизнис и политички интерес и не правете политички поени на темел на нашето национално богатство, шумите! Зошто ни ја одземате и природата?! Инспектори, шумари, шумска полицијо, војнци, полицајци,  политичари…и Вие донесувачи на закони, санскции и казни , најдете, бре, начин да им ја изгорите желбата на пироманите да уништуваат! Има ли казни во оваа држава, кои ќе послужат како пример за идните пиромани и дрвократци, уште еднаш да не помислат, а не да направат пожар?! Има ли?!

semm
Vivafarm
Farma Dolneni