CSS Template

Тркалезни маси во организација на ЦГИ

109
Avtokontrol1

Центар за граѓанска иницијатива во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија продолжува со организирање на тркалезни маси во општини во државата на кои се среќава со претставници на граѓански организации, претставници на јавни институции, медиуми, млади и жени. Во овој период организира 3 тркалезни маси и тоа во Дебар, Гевгелија и Куманово на кои се зборуваше за граѓанскиот активизам и соработката со медиумите.
За одбележување е големото вклучување на младите на овие средби. Присутните разговараа како информациите да бидат пласирани до граѓаните преку медиумите и како да тече комуникацијата. Новинарите поделија практични совети, за тоа како да се комуницира со нив, како да се организираат прес конференции и слично. Центар за граѓанска иницијатива продолжува со вакви тркалезни маси.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm