CSS Template

Ученици од ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани во посета на Радио Пела

291

Со цел младите, особено од руралните средини,  подобро да ја разберат улогата на медиумите и важноста на професионалното и независно новинарство, денеска, наши гости во Радио Пела, беа 10-тина ученици од ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани со својот ментор  Дејана Тренеска, професор по македонски јазик.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тие се запознаа со работата и улогата на електронскиот медуми и со активностите и задачите на новинарите во креирањето на информациите и нивното пренесување во етер, но и со професионалните новинарски стандарди и важноста и одговорноста од јавно кажаниот збор преку медиум,  во рамките на проектот- “Учење за медиумите од најмала возраст“.

 

Учениците кои прв пат посетуваа електронски медиум, имаат можност  да бидат дел од отворената програма на Радио Пела, да се  вклучат  со говор, со цел да ја  почувствуваат одговорноста за јавно кажаниот збор преку медиум.

Целта на активноста е поголема медиумска писменост кај младата популација, особено во руралните средини,  нивно запознавање со вештините за медиумска писменост како и со начините на безбедното  и продуктивно користење на информациите кои ги примаат од медиуми. Наша средба ја овековечивме со фотографии и видео.

Учење за медиумите од најмала возраст

Посета на Радио Пела од страна на ученици од „ООУ Манчу Матак“

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Wednesday, November 20, 2019

 

Активноста на радио Пела е во рамките на проектот  „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан„ кој го спроевдвуа Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите. Проектот е финансиран од Британската влада.
semm
Vivafarm
Farma Dolneni