CSS Template

Битка за еднакви можности во родово базирано опшество

272

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство над жената, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп,  го посветуви денот на будење на жена, за оправданото и дозволено насилство. Насилството над жените и девојчињата претставува кршење на човековите права и дискриминација. „ За жал и овие 16 дена активизам кога се посилно го креваме гласот против ова насилство ги одбележаа и се случија неколку настани кои само уште еднаш ја потврдуваат реалноста околу нас.

Како Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ денес го обојуваме Прилеп портокалово, а со тоа застануваме рамо до рамо до секоја една жена која била изложена на било каков вид насилство.Заедно ќе се залагаме, заедно ќе се бориме за правата на жената во опшеството, а знаеме дека не е и нема да биде лесно. Ова е 21 век, време кога не смее недозволеното да поминува неказнето и истото со премолчување да дозволиме да стане пракса на поединецот.Битката за еднакви можности во родово базирано опшество продолжува..“ истакна Ирена Стерјоска, од Унијата на Жени при Ок на ВМРО ДПМНЕ  :

Власта во заминување не успева да ги заштити од малтретирање ниту жените во институциите

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп, во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство над жената, денес го посветуваме денот на будење кај самата жена, дека не може да постои оправдано и дозволено насилство. Насилството над жените и девојчињата претставува кршење на човековите права и дискриминација.За жал и овие 16 дена активизам кога се посилно го креваме гласот против ова насилство ги одбележаа и се случија неколку настани кои само уште еднаш ја потврдуваат реалноста околу нас. Се случи висок функционер на власта од СДСМ да биде во улога на човек кој врши насилство врз сопствената жена, а нивниот Форум на жени не се одважи јавно да го осуди ваквиот настан. Исто така оваа власт на заминување не успева да ги заштити од малтретирање ниту жените од институциите како и во МВР. Тоа само покажува дека не е доволно само да ветуваме, а ништо да не превземаме за санкционирање на вакви немили настани кои го повредуваат достоинството на секоја жена. Никој не заслужува насилство од било кој, и на било како начин. Како Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ денес го обојуваме Прилеп портокалово, а со тоа застануваме рамо до рамо до секоја една жена која била изложена на било каков вид насилство, заедно ќе се залагаме,заедно ќе се бориме за правата на жената во опшеството, а знаеме дека не е и нема да биде лесно. Ова е 21 век, време кога несмее недозволеното да поминува неказнето и истото со премолчување да дозволиме да стане пракса на поединецот. На жените ако им дадеш малку можеш да добиеш многу, како внимание, љубов, исполнети работни задачи, одговорност и професионалност.Битката за еднакви можности во родово базирано опшество продолжува..

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Wednesday, December 4, 2019

semm
Farma Dolneni
Vivafarm