CSS Template

Изложба „Музички орнаменти„

170
Avtokontrol1

„Музички орнаменти„  е тематската изложба  од  десетина скулптури од уметникот Емил Солески, што синоќа (13.12.2019) беше отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.

Станува забор за изложба преку која академскиот скулптор  Емил Солески создава апстрактно асоцијативни форми и облици во мермер.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека скулптурите на Емил Солески се сведени на елементарни структури со заоблена органска форма, чии асоцијативни содржини произлегуваат од  вредноста на вајарскиот материјал, односно од карактеристиките на волуменот и масата.

-Стилизираните облци на компаkтната маса со природна структура асоцираат на форми кои се движат според одреден апстрактен ритам. Како резултат на редуцирањето и стилизирањето  на природните форми, скулптурите оддаваат впечаток на надворешна раздвиженост. Овие прочитстени, јасни и едноставни облици асоцираат, односно симболизираат архаични и дамнешни примитивни звуци кои некогаш вдахнувале живот при секое нивно реализирање и отелотворување преку гласот, звукот и танцот – рече Димеска на отворањето на изложбата.

Академскиот скулптор Емил Солески посочува пак дека изложбата е резултат на неговата преокупација со музиката уште од мали нозе.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm