CSS Template

Прилепските џудисти од Сеишин и Санкаку, полагаа за ученички појаси

481
Avtokontrol1

Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп на ден 27 декември, ЏК Сеишин и ЏК Санкаку Прилеп одржаа заедничко полагање за ученички појаси. Полагањето се одвиваше пред тричлена клубска комисија во присуство на претставник од Дан Комисијата при ЏФРСМ согласно правилникот за полагање појаси.

На полагањето имаше присутни повеќе официјални лица од ЏФРСМ, родители и останати гости. Сите пријавени кандидати кои го положија испитот се здобија со соодветни појаси и дипломи.
Џудо клубовите Сеишин и Санкаку од Прилеп во понеделник на 30 декември ќе одржат заедничко предновогодишно дефиле со прогласување на најдобрите на ниво на клубови за 2019. Воедно, планирана е прослава по повод Шампионската титула на Сеишин во севкупен пласман на ниво на Македонија.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm