CSS Template

По потешкиот пат за влез во главната фаза (Видео)

153

Македонија не успеа да ја запечати судбината на редовниот противник Чешка , напротив не само што се вратија во игра на европскиот шампионат , чесите ја “закашкаа ” работата во нашата група па за пласман понатаму можни се многу комбинации , резултати , голови , мини табели во третото коло од групната фаза.Македонија мора да триумфира против домаќинот кој пак успеа да победи  над Украина во тврд натпревар во кој повторно дружината на Остроушко не ја претвори добрата игра во позитивен резултат.Реално за македонскиот национален тим почетокот на второто полувреме на пресметката со Чешка беше подобро да не започнеше, зашто наеднаш одличната концепција на Брестовац се претвори во отворен простор за голови на противникот кон нашата мрежа.Кога веќе не можевме да ја стигнеме разликата која ракометарите на Чешка ја направија во вториот дел , а и  не не посака ниту среќата на голманската позиција па и во нападот за да на крајот се задоволиме со тоа што ќе мора нашите ракометари да одат по потешкиот пат за да ја остварат целта.По натпреварот тоа го истакнаа Пешевски, Митревски и Кузмановски.Подолу и нивните изјави.

НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА

Го избравме потешкиот пат за пласман во главната фаза , треба да триумфираме над домаќинот.Еве ги изјавите по натпреварот со Чешка на Митрески, Пешевски и Кузмановски во НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Sunday, January 12, 2020

Домаќинот Австрија ја совлада Украина, но сигурно ќе сака триумф против македонската селекција , триумф кој ќе го подобри и нивниот скор со нашиот тим, така барем рече Јанко Божовиќ по дуелот со Украина кој истакна дека Македонија во своите редови го има најдобриот играч во Европа , Лазаров.

НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА

Австрискиот ракометар Јанко Божовиќ во пресрет на дуелот со Македонија , имаме послаб скор со Македонија но се надевам на подобрување за два дена .Во продолжение и изјавата на Божовиќ во НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Sunday, January 12, 2020

Радио Пела продолжува активно да ги следи настаните на ЕУРО 2020  како за нашиот тим така и за останатите кои ќе се борат за титулата нов европски првак.Дуелот Македонија – Австрија кој е да се биде или не за македонските ракометари е во вторник , од 16 часот , прв во битката во нашата група  за групна фаза и ракометна радост.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm