CSS Template

Македонија доживеа елиминација на ЕУРО 2020 (Фото + Видео )

259
Avtokontrol1

Поразот од Австрија за македонската ракометна репрезентација значеше елиминација од европскиот ракометен шампионат а воедно и најлошиот пласман за нас на континенталните собири.Едно е да се посакува групната фаза а друго е да се доживее сакале или не заслужен пораз од Божовиќ и другарите.Македонските ракометари пропуштија и шанса да обезбедат олимписки квалификации а за тоа сигурно вината ќе ја бараат самите во себе , зашто одиграа под очекувањата и шокирани од одличната партија на Австрија, не успеаа ниту да се приближат до неизвесност на овој меч.Конечните 32:28 се епилог кој навивачки никој не го очекуваше , но реално од поставеноста на играта и на двете селекции заслужено  Австрија ќе ги продолжи настапите во Виена, заедно со Чешка  од нашата група и по две селекции од останатите , Шпанија , Белорусија , Хрватска и Германија.По дуелот кој медиумите веднаш го оквалификуваа како ” виенски потоп” за Македонија, селекторот Данило Брестовац рече дека се обидел да содаде хемија помеѓу младоста и искуството и дека на овој натпревар по кој знае кој пат повторно клучен фактор за неуспехот била слабата реализација во нападот.На пресс конференцијата и нашиот ракометар Кузманосски им го честиташе триумфот на противниците.

НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА

Брестовац : Се обидов да создадам хемија помеѓу младостаи искуството.Во продолжение и изјавата и на Кузмановски по натпреварот со Австрија во НА ЕВРОПСКО СО РАДИО ПЕЛА .

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Tuesday, January 14, 2020

Сега кога  полека спласнува ракометното лудило тука и таму , и дека ќе мора како неутрални навивачи да гледаме врвен ракомет покрај малите екрани, ќе треба едноставно да држиме палци за она што би требало да се случи со машкиот ракомет кај нас.Неопходни промени , правилна насока на оние кои ќе бидат идни носители на дресот кој треба да се “испоти за висок дострел ”  како и психолошка подготовка за она што следува.

Не очекуваат два баражи во иднина за пласман на светското првенство во Египет.Во Април, со селекциите кои нема да обезбедат олимписки квалификации и репрезентациите кои ќе ја поминат првата фаза која е во тек.Долга и макотрпна работа за сите , за тренерите , за играчите , за целата нација која повторно беше горда на учеството на своите пулени на ова европско првенство.Ако сакаме да го продолжиме континуитетот , дефинитно ќе мора , најпрво да се вратиме во реалноста а потоа да тргнеме во нови ракометни успеси.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm