CSS Template

Филип Стојаноски најсреќен на водици во Прилеп (Фото – Видео)

196

На големиот христијански празник Богојавление – Водици , најсреќен помеѓу пријавените 110 кандидати од кои 6 беа девојки , најсреќен беше дваесет и шест годишниот Филип Стојаноски кој го фати Светиот крст кој беше фрлен во водите на Аква паркот во Прилеп.Ова беше негов 8-ми обид а втор пат успеа да го фати, првиот пат било пред четири години.Со само десет години Вања Ѓорѓиоски беше најмладиот учесник а најстариот пријавен беше Роберт Стојаноски со педесет години.

Како подарок од црквата Стојаноски доби икона со крштевањето на Господ Исус Христос , Општина Прилеп му подари Крст а Стојаноски доби и телевизор од компанија која ја спонзорираше манифестацијата.

ВОДИЦИ ПРИЛЕП 2020

На големиот христијански празник Богојавление – Водици , најсреќен помеѓу пријавените 110 кандидати од кои 6 беа девојки , најсреќен беше дваесет и шест годишниот Филип Стојаноски кој го фати Светиот крст кој беше фрлен во водите на Аква паркот во Прилеп.Ова беше негов 8-ми обид а втор пат успеа да го фати, првиот пат било пред четири години

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Sunday, January 19, 2020

 

Инаку како и секоја година овој христијански празник Богојавление – Водици во Прилеп,  се започна рано изутрина со Света Боженствена литургија како и Богојавленскиот водосвет во дворовите на прилепските цркви по завршувањето на литургијата.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni