CSS Template

Општина Прилеп ќе бира спортист на годината

234

Под „капата„ на Општината ќе се организира „Избор на спортист за Прилеп“. Јавниот оглас е во тек и ќе трае до 31 јануари, каде спортските клубови, ќе можат да предложат свои кандидати, кои во изминатата 2019 г. постигнале успех на домашен и меѓународен план.

 

 

Покрај најдобрите спортисти и спортски клубови, ќе се врши избор и во други категории:  најдобар тренер, спортски работник, млад спортист, играч кој настапува за странски клуб, спортист со телесен инвалидитет и сл.  Исто така, ќе бидат наградени и лица кои дале посебен придонес во афирмацијата на спортот во градот, државата и надвор од неа.

Доделените награди ќе бидат во форма на дипломи и плакети, а на најдобриот спортист на општина Прилеп ќе биде награден и со  парична награда.

Огласот трае 12 дена, почнувајќи од денеска, понеделник 20 јануари и заклучно со петок, 31 јануари 2020 година.

Пријавите се поднесуваат на адреса на Општина Прилеп, ул.„Прилепски бранители“ бб

7500 Прилеп или во архивата на Општина Прилеп Со назнака: За избор на спортист на годината 

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm