CSS Template

Прилепчанката Барбара Стојкоска најдобра во женска конкуренција во борење за 2019

996

Популарната помеѓу македонските боречки клубови ” Барбинатор ” , Барбара Стојкоска од Прилеп е прогласена за најдобра во женска конкуренција за 2019 година.Изборот на најдобрите борачи во машка и женска конкуренција  се одржа во х.Парк во Скопје во организација на  федерацијата  за борење.


Стојкоска во дресот на прилепскиот боречки клуб 7-ми Мај Леов изминатата 2019 година забележа одлични резултати.А и со право на изборното првенсто за кадети и кадетки кое се одржа неодамна  Барбара Стојкоска од боречкиот клуб 7-ми Мај Леов беше победник во категоријата до 65 килограми во женска конкуренција.На ова првенство во женска конкуренција немаше доволно натпреварувачки, , за да се натпреваруваат по категории, (вкупно беа пријавени само10 девојки), па поради тоа е направено спојување на категориите. во кои имало разлика и до 8 килограми. Сепак, една борба предизвика посебно внимание, меѓу Бојана Лазаревска и Барбара Стојкоска во категоријата до 65 килограми, која беше дерби во женска конкуренција. Победата и припадна на Стојкоска од 7-ми  Мај Леов. На Изборното првенство за кадети и кадетки настапија 140 натпреварувачи од 17 клубови.Со ова Стојкоска во си избори и место во составот на репрезентацијата на Македонија заедно со Христина Велеска .Инаку на свеченоста на доделување на награди и признанија за најдобрите , Меѓународниот судија од Прилеп Илчо Марковски доби признание за посебен придонес во борење како судија.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni