CSS Template

Минути со спортистката на годината на Македонија Пулексенија Јованоска

Јованоска за Радио Пела : 2019 година е година за паметење за мене – голем предизвик се олимписките игри

513

Дваесет години во каратето, многу успеси , медали , натпревари од светски калибар , тоа е епилогот во професионалната кариера на прилепската девојка досега ,  која од својата шеста година работи на надоградување на својот талент.Пулексенија Јованоска е девојка која успеа да ги надмине сите проблеми кои ги носи една професионална кариера но и животот.Со голема посветеност но и навремена помош од луѓето кои внимаваат на нејзината спортска патека по која чекори гордо,Јованоска успеа да го промени својот живот но и да докаже дека спортот го менува светот.Нашата Пуле , со сигурност ќе ја памети изминатата 2019 година , дванесет месеци на истрајност , докажување на квалитетот на татамите пред кого и  да се појавеше.И повеќе од заслужено го доби епитетот најдобра спортистка на Македонија

За радио Пела , Јованоска вели дека зад неа остави навистина успешна година со натпреварувања од светски ранг , одржувајќи ја формата во текот на целата натпреварувачка сезона.За неа најважно е да се издвои во педесетте најдобри во светот , што и го направи тоа откако успеа и да го направи историскиот подвиг на европскиот шампионат за македонското карате освојувајќи го петтото место.Ние од почетокот на нејзината кариера ги следиме настапите и резултатите на нашата прилепчанка која најде време да ни одговори на неколку прашања поврзани токму со нејзините триумфални настапи.Во продолжение, подолу , минути со Пулексенија Јованоска.

ИНТЕРВЈУ СО СПОРТИСТКАТА НА ГОДИНАТА ЗА 2019 ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА

Дваесет години во каратето, многу успеси , медали , натпревари од светски калибар , тоа е епилогот во професионалната кариера на прилепската девојка која од својата шеста година работи на надоградување на својот талент.Пулексенија Јованоска е девојка која успеа да ги надмине сите проблеми кои ги носи една професионална кариера но и животот.Со голема посветеност но и навремена помош од луѓето кои внимаваат на нејзината спортска патека по која чекори гордо , Јованоска успеа да го промени својот живот но и да докаже дека спортот го менува светот.Нашата Пуле , со сигурност ќе ја памети изминатата 2019 година , дванесет месеци на истрајност , докажување на квалитетот на татамите пред кого и да се појавеше.И повеќе од заслужено го доби епитетот најдобра спортистка на Македонија.Во продолжение интервјуто со Пулексенија Јованоска за Радио Пела

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Wednesday, January 22, 2020

Покрај наградата за спортистка на годината , Јованоска како карате шампионка доби признание за најдобра спортиста во индивидуален спорт за 2019 година , на прославата на најуспешните девојки и жени во спортот, како дел од промоцијата на граѓанската организација “Такт” на женските успеси во спортот кај нас.

Пулексенија е горда на себе , гордост на градот Прилеп , карате бренд кој треба да се негува , одржува и да се поттикнува за уште поголем спортски дострел а тоа секако се олиписките игри како и медали од европските и светските натпревари.Јованоска од се срце многу среќа во она што го работиш, ти посакува  екипата на Радио Пела.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni